После смената на Лоренцо Д’Ано, без остана и Аурелио Андреаколи.
После серијата лоши резултати во Серија А и елиминацијата во Купот на Италија, Емполи денес соопшти дека Аурелио Андреаколи заработил отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од „Реџо Емилија“ во овој момент се наоѓа на 18-тата позиција со само шест освоени бодови, последната победа ја забележаа уште во август против Каљари.
Изминатиот викенд овој клуб беше торпедиран од Наполи со пет погодоци.
„Емполи соопштува дека клубот го менува тренерот на првиот Аурелио Андреаколи, како и неговите соработници Џакоми Ласини и Андреа Алибони. На господинот Андреаколи му се заблагодаруваме за минатата сезона кога клубот се врати во Серија А. Му посакуваме се најдобро“, стои во соопштението од клубот.
Интересно е што клубот отказот на Андреаколи му го соопшти на денот на неговиот роденден, тој денес полни 65 години.