Веќе неколку месеци европските медиуми пишуваат дека талентираниот фудбалер на Реал Мадрид, Дани Себалјос би можел да премине во Ливерпул, а сега се појавија информации дека тој и самиот побарал трансфер од раководството на Кралевите.
Имено, 21-годишниот Себалјос не доби многу прилика од Зинедин Зидан да го покаже својот талент и одлучен е да го напушти Сантијаго Бернабеу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на Марка, тој својот план да премине во Ливерпул го кажал на првиот човек на Реал, Флорентино Перез, од кој побарал да го одобри неговиот трансфер во екипата на Јирген Клоп.
Инаку, Себалјос оваа сезона има само 18 настапи во дресот на Реал во сите натпреварувања.