Ситуацијата со фудбалерот младиот фудбалер Петар Бочкај која денес ја шокираше Хрватска стана вистински хит на социјалните мрежи.
Младиот фудбалер на Осијек и член на репрезентацијата на Хрватска до 21 година Петар Бочкај веројатно после вчерашната слободно можеме да кажеме глупост си ја уништи кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што е познато фудбалерот видно во алкохолизирана состојба во раните утрински часови влетал со автомобилот во продавница во склоп на бензинска пума. И ова не звучи толку глупаво, но почекајте да ја слушнете причината.
Не можел да почека вработените да извршат промена на смена за да си купи – чоколадо!
Раководството на Осијек повикало итен состанок на кој било одлучено Бочкај да биде исфрлен од клубот.
Клубот се огласи и со соопштение.
„После вчерашниот инцидент во кој во раните утрински часови под влијание на алкохол е предизвикана голема материјална штета и биле загрозени човечки животи одлучено е Петар Бочкај да биде исфрлен од нашиот тим. Клубот ќе превземе правни мерки со цел да ја надополни направената штета на угледот на клубот со неговите неодговорни и непрофесионални постапки“.
На сеирџиите не им требаше многу да започнат да креираат интересни фотографии и мемиња посветени на оваа крајно неверојатна ситуација. Како и да е веруваме дека на Бочкај не му е до смеење.