Необична ситуации беше забележана во хрватскиот фудбал по натпреварот во ХНЛ во кој Горица на гости славеше против Шибеник со 0:4.
Имено тренерот на Горица, Жељко Сопиќ одлучи да им закаже тренинг на своите фудбалери среде ноќ во еден часот по полноќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако ве разбуди силна светлина во Велика Горица, не се грижете. Тоа се нашите рефлектори, фудбалерите тренираат“, објави клубот.
Ako je netko mislio da nećemo… krivo je mislio 😅😉🦉💪 pic.twitter.com/ubHOQhoKeX
— HNK Gorica (@hnkgorica) April 14, 2023
Тренерот Сопиќ објасни дека тренингот бил превентива за неговите фудбалери да не испијат премногу алкохол.
„Сега моите фудбалери ќе се изнапијат алкохол, како да не знаат дека во еден часот по полноќ ги очекува тренинг по враќањето во Горица, а ги чека! Мора да го исфрлат алкохолот од својот систем“, изјави Сопиќ.