Дома Фудбал Англија Фудбалери на Дерби направија сообраќајка – за еден сезоната е завршена!

Фудбалери на Дерби направија сообраќајка – за еден сезоната е завршена!

Фудбалерите на второлигашот Дерби Каунти доживеаа сообраќајка по вечерата на клубот на која конзумирале алкохол.

Поради повредите, сезоната е завршена за капитенот Ричард Кеон, кој се здобил со сериозни повреди на коленото и зглобот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капитенот имал сообраќајка заедно со соиграчите Том Лоренс и Мејсон Бенет по организираната вечера.

Кеон седел на задното седиште на возилото, кое го возел неговиот пијан соиграч Том Лоренс, кога се случила тешката сообраќајна несреќа.

Лоренс е уапсен од полицијата поради предизвикување на тешка сообраќајна несреќа и возење во алкохолозирана состојба, а обвинет е и неговиот соиграч Мејсон Бенет.

Иако голем дел од екипата по вечерата продолжиле кон своите домови, сепак неколку од нив решиле да се опуштат, па се опијаниле и за среќа не доживеале посериозни последици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…