Фудбалскиот клуб Енпи објави дека нивниот крилен фудбалер од Буркина Фасо, Ерик Траоре го нема никаде 20 дена.
Имено, Траоре го напуштил стадионот на 18-ти април кога одбил да влезе во игра против Асуана и од тогаш му се губи трага. Во Енпи тој игра како позајмен фудбалер од Пирамидис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веднаш го исклучил телефонот и никој не стапил во контакт со него, а ниту неговиот агент не знае каде се наоѓа.
Исчезнувањето го потврди клубот преку социјалните мрежи.
„Се надеваме дека е добро и дека е само лут и се крие. Посакуваме што побрзо да се појави и да дојде да разговараме за формалностите“, објавија од Енпи.