Изминатиот период трае крвавиот конфликт помеѓу Израел и Палестина кој однесе илјадници животи.
Целиот свет следи што се случува во Газа каде Израел се заканува дека ќе изврши инвазија, а во опасност се илјадници Палестинци. Во јавноста овој конфликт се одлучи да го коментира фудбалерот на Баерн Минхен, Нусар Мазрауи, Марокенцот на социјалните мрежи објави пропалестински пост со цитат од Куранот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немојте да мислите дека Алах не обрнува внимание на оние кои прават неправда. Тој само ги задржува до денот кога очите ќе им замрзнат од страв“.
На оваа објава следуваа бурни реакции, фудбалерот се обиде да објасну.
„Разочарувачки е што морам да ги објаснувам своите убедувања. Тоа е поради ситуација во која беа убиени илјадници невини луѓе. Секогаш ќе се залагам за мир и правда“, изјави Мазрауи.
Германскиот политичар, Јоханес Птајнигер побара протување на фудбалерот од Германија.
„Драг Баерн, ќе ве замолам веднаш да го исфрлите од клубот. Треба да се разгледаат сите опции за да биде протеран и од државата“, изјави Јоханес Штајнигер.