Дома Фудбал Англија „Фудбал Менаџер“ направи симулација на сезоната во Премиер лигата – еве како изгледа конечната табела (ФОТО)

„Фудбал Менаџер“ направи симулација на сезоната во Премиер лигата – еве како изгледа конечната табела (ФОТО)

Новата сезона во Премиер лигата започна вчера со победата на Ливерпул против Норвич од 4:1, а веќе во недела не очекува големо дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.

Популарната компјутерска игра „Фудбал Менаџер“ направи симулација на новата сезона и според истата најголеми причини за радост ќе имаат Манчестер Сити, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Според оваа сиумлација Манчестер Сити и трет пат во низа ќе стигне до шампионската титула, додека Арсенал е сместен на втората позиција. Ако Арсенал навистина заврши на втората позиција тоа може да се смета за успешна сезоната на „топџиите“ бидејќи примарна цел пред почетокот за клубот во Лондон е место во топ 4. Зад Арсенал е сместен Манчстер Јунајтед кој исто така цели на враќање во Лигата на шампионите.

Првата четворка би ја затворил Ливерпул. Челзи и Тотенхем би играле во Лигата на Европа, а заедно со нив изненадувачки во второто по ранг натпреварување место доби Бурнемоут.

Изненадување е и тоа што Вотфорд кој има солиден тим е сместен на последната позиција, а заедно со нив испаѓање во Чемпионшип им се предвидува на Норвич и Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

Луѓето кои ја водат ФИФА сакаат да ги намалат грешките во судењето на претстојниот Мундија…