Дома Фудбал Италија Фрчат казни во Интер, Лукаку организирал забава, интервенирала полицијата

Фрчат казни во Интер, Лукаку организирал забава, интервенирала полицијата

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку организирал роденденска забава на која биле прекршени пандемиските протоколи, па казна заработија 23 луѓе.

„Кориере дела Сера“ информира дека полицијата дошла во хотел во центарот на Милано во три часот по полноќ и го фатила Лукаку со пријатели како слави роденден.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Вкупно се казнети 23 луѓе, а меѓу нив и ѕвездите на Интер, Ашраф Хакими, Иван Перишќ и Ешли Јанг.

На забавата биле прекршени  важечките анти-ковид мерки, па покрај казната од полицијата, сега се очекува да реагира и клубот.

Интер најверојатно парично ќе ги казни споменатите фудбалери и може да бидат изоставени за дербито против Јувентус во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи доби сѐ, а Осимен трансфер во Галатасарај

На прагот е завршувањето на една од најголемите трансфер саги ова лето. Виктор Осимен дефи…