На францускиот селектор Дидие Дешам многумина му завидуваат, оваа репрезентација може да состави неколку одлични тима од играчите кои ги има на располагање.
Реномираниот „Л’Екип“ направи анкета, а дури 90% од навивачите гласаа за деветмина играчи што значи дека за најголем дел од јавноста нема дилеми кои девет фудбалери мораат да бидат во составот како стартери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во прашање голманот Уго Лорис, дефанзивците Павар, Ернандез и Варан, потоа играчите за врска Канте и Погба и напаѓачите Мбапе Грризман и Бензема. Покрај овие играчи во стартниот тим се најдоа уште Кингсли Коман со 41.8%, додека Преснел Кимембе собра повеќе гласови од Ленгле и Зума.