Дома Фото Французите го променија логото: Ново, модерно и горди на него

Французите го променија логото: Ново, модерно и горди на него

Како што се очекуваше, Фудбалскиот сојуз на Франција одлучи да го промени логото откако ја освои втората светска титула.

Како што обично се прави, Французите сакаа да додадат и втора ѕвездичка на логото, а во таа прилика направија уште некои промени.

Популарниот петел се уште е тука и веројатно ќе биде секогаш, но сега е малку помодерен. Нормално, навивачите ќе бидат најгорди со втората ѕвездичка, а францускиот сојуз објасни дека вакво лого ќе има само на дресовите на сениорите и сениорките.

„Природно, Францускиот фудбалски сојуз сакаше официјалното лого да го еволуира и затоа ја додадовме втората ѕвездичка. Ѕвездичките ќе бидат користени за А машкиот и женскиот тим, со што ќе ги обележиме бројот на титули кои сме ги освоиле.“ – се наведува во соопштението на ФФС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…