Дома Останати Ракомет Французинот Дика Мем потпиша нов договор со Барселона

Французинот Дика Мем потпиша нов договор со Барселона

Денес тимот на Барселона потврди дека е продолжен договорот со Французинот Дика Мем.

Дика Мем имаше договор до 2024 година и се споменуваше дека ПСЖ сака да го доведе во своите редови, а сега е јасно дека тоа нема да се случи. Новиот договор на одличниот француски ракометар со Барселона има важност до 2027 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу сум среќен што го продолжувам договорот, од самиот почеток тоа беше мојата желба. Не размислував за понудите од други клубови, Барселона секогаш беше мојот прв избор. Сега сум мирен и можам да се фокусирам на други работи“, изјави Дика Мем при потпишувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Брестовац заедно со Ал Араби го освои Купот на Катар

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжув…