Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Франција ја чека четвртфинале на ЕП, а Мбапе повторно зборува за политика

Франција ја чека четвртфинале на ЕП, а Мбапе повторно зборува за политика

Најголемата ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе на прес-конференцијата пред денешното четвртфинале против Португалија одново како и претходно на ова ЕП зборуваше за политика.

Имено, првиот круг на парламентарните избори во Франција најави голема победа десницата која ја предводи Марин Ла Пен и дебакл на Емануел Макрон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мбапе пред важниот натпревар во четвртфиналето на прес-конференцијата порача.

„Повеќе од било кога мораме да излеземе на избори, не можеме да ја оставиме земјата во рацете на овие луѓе. Неделниот резултат беше катастрофален и се надевам дека луѓето сега ќе гласаат за вистинската страна. Ние сме генерација која може да направи разлика“, изјави Мбапе.

За многумина е чудно и несфатливо тоа што Мбапе Европското првенство веќе вторпат го користи за политички пораки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …