Играчот од средниот ред на Челзи ја обновил повредата поради која долго време беше надвор од терените.




Францускиот „Л’Екип“ пренесува дека во прашање е истата повреда поради која фудбалерот го мачеше неколку месеци и се најавува нов третман кој најмалку ќе го одалечи од терените две до три недели.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првите информации од докторите се дека Канте сериозно ризикува да го пропушти Светското фудбалско првенство во Катар.




Мундијалот започнува на 20. ноември, па така играчот за врска ќе биде во трка со времето да се опорави и да биде спремен да помогне на својата селекција.