Се уште не стивнуваат реакциите после вчерашното доделување на „Златната топка“ од „Франс Фудбал“.




Оваа година престижната награда му беше доделена на Меси, а според многумина Аргентинецот не ја заслужил „Златната топка“.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Франс Фудбал“ следната година планира да го продолжи гласањето до декември поради Светското првенство во Катар, кое започнува на 21 ноември и трае до 18 декември.




Светското првенство е најважниот настан во сезоната и врз основа на него ќе биде донесена одлука за најдобриот фудбалер за 2022 година.




Меси вчера ја освои „Златната топка“ по рекорден седми пат и му побегна на Кристиано Роналдо, кој остана со пет такви награди.