Дома Фудбал Останато „Франс Фудбал“ веќе го направил победничкото интервју со добитникот на „Златната топка“

„Франс Фудбал“ веќе го направил победничкото интервју со добитникот на „Златната топка“

„Франс Фудбал“ после една година пауза ќе ја додели „Златната топка“.

На гала вечерта на 29. ноември ќе биде прогласен најдобриот играч во светот за оваа година, а португалската национална телевизија тврди дека го откриле името на победникот. Според нивните информации „Франс Фудбал“ веќе го известил Лионел Меси дека тој е победникот за оваа година.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Се наведува дека Аргентинецот веќе го направил победничкото интервју што е пракса секоја година со оној кој ќе ја освои престижната награда. Минатата сезона Меси ја освои Копа Америка со Аргентина и беше најдобар стрелец во Ла Лига со 30 постигнати голови.

Ако Меси навистина е победникот тогаш тоа ќе биде негова седма „Златна топка“. Главни конкуренти на Меси му се Левандовски и Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слот во тешка ситуација: Ливерпул има тежок распоред, а го мачат повреди

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, денеска објави дека Флоријан Вирц и Конор Бредли се повре…