Еден од најпознатите спортски весници во светот „Л’Екип“ поминува низ најтешкиот период од неговото постоење и затоа полека го згаснува „Франс Фудбал“, магазинот кој го доделува најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, „Златната топка“.
Медиумите во Франција обајвија дека „Франс Фудбал“ нема да излегува како печат еднаш неделно, туку само еднаш месечно и тоа како подлисток на „Л’Екип“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој магазин од 1956 година ја доделува „Златната топка“ и изгради такво големо реноме што до сега веројатно имаше интервју со сите фудбалски ѕвезди.
„Л’Екип“ поминува низ многу тежок период поради што мораше да отпушти 56 вработени од реедакцијата, затоа и „Франс Фудбал“ се најде во таква тешка позиција. Останува надежта дека државата или некој француски бизнисмен ќе реагираат за да не заврши ваквата долга традиција.
Прашање е дали со згаснувањето на „Франс Фудбал“, „Златната топка“ ќе продолжи да се доделува.
French sports daily L’Équipe in major financial trouble – will make 56 redundancies & intend to reduce celebrated magazine France Football from being a weekly publication to merely a monthly supplement to L’Équipe, according to Les Echos.
— Get French Football News (@GFFN) October 30, 2020