Tимот на Вардар вечерва во драматичен натпревар успеа да обезбеди деветти Ф4 во СЕХА лигата. Нексе победи во Скопје со 25:26, но благодарение на резултатот од првиот натпревар во Нашице (30:31) Вардар се пласираше на уште еден завршен турнир во СЕХА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва натпреварот беше прилично изедначен констатно резултатот беше плус еден за едните или другите. Со таква игра на полувремето се замина со 13:13.
И во вториот дел работите не се променија многу гледавме тврд ракомет без некоја посебна атрактивност. Во последните 15 минути Нексе влезе со еден гол предност. Борко Ристовски имаше важна одбрана во 47 минута кога одбрани зицер еден на еден при водство на Нексе од 17:18. По таа одбрана Вардар го реализираше нападот за 18:18.
Нексе на само осум минути до крајот успеа да дојде на плус два (19:21) што беше резултат кој ги водеше во следната фаза.
Како што доаѓаше крајот на натпреварот Вардар како да го губеше ритамот, па во 55 минута гостите од Нашице дојдоа и до плус три. Следуваше тајм-аут на Алушовски. Ниту тој тајм-аут не помогна многу Нексе отиде и на четири разлика.
Не помогна во тој момент, но во следните две минтуи Вардар успеа да се собере и повторно да дојде на минус еден. Во последните секунди гледавме вистинска драма. Нексе имаше плус два, а Вардар со голот на Патрик Валчак на шест секунди до крајот дојде до резултат кој го води на Ф4 (25:26).