Дома Фудбал Италија ФОТО: Јувентус е минато – од следната сезона ново име!

ФОТО: Јувентус е минато – од следната сезона ново име!

Екипата на Јувентус си заминува во минатото. И тоа по барање на Јувентус.

Не е грешка. Тимот на Јувентус од Букурешт ќе мора да го промени грбот и името, со оглед на тоа што овој кој го имаат сега е идентичен со оној на клубот од Торино.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Единствена разлика е бојата, бидејќи тимот од Букурешт има темно сина варијанта, додека логото на познатиот Јувентус е црно-белиот, а беше променет минатата сезона.

Причина за промената е вистинскиот Јувентус кој исто така е и бренд, а тимот од Букурешт следната сезона ќе го носи името – ФК Колентина.

Овој тим следната сезона ќе добие и нов грб. Оваа информација на својот Твитер профил ја објави Емануел Роси, спортски новинар од Романија, земјата на тимот Јувентус од Букурешт, и соработник со „Guardina, GOAL и BBC“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тог…