Победата против Северна Ирска го искачи Јоаким Лев на чело на листата на најуспешните германски селектори.
Селекцијата на Германија во четвртокот оствари пбоеда на гостувањето против репрезентацијата на Северна Ирска, со што ја потврдија картата за Русија следното лето, како и деветата победа на исто толку натпревари во рамките на овие квалификации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германија исто така има и импресивна гол разлика (38:3), а Јоаким Лев по споменатата победа во Белфаст се искачи на врвот на листата на германските селектори, по процентот на добиени натпревари.
Германија со Лев на клупата славеше во дури 68% одиграни натпревари, а од 2006., па до денеска освои Светско првенство 2014, Куп на Конфедерерации оваа година, го освоија третото место на Мундијалот 2010, додека беа вицешампиони на Европа во 2008. година, а завршија трети четири години подоцна.
68 – Joachim #Löw has the highest winning percentage (68%) of all German National Coaches. Success. #NIRGER pic.twitter.com/LUN32FFROw
— OptaFranz (@OptaFranz) October 5, 2017