Германскиот фудбалер, Филип Лам вчера го одигра последниот натпревар бидејќи одлучи да се пензионира на крајот од оваа сезона.
На преполната „Алијанц Арена“, Баерн вчера играше против Фрајбург, а овој натпревар беше многу емотивен за домашните навивачите. Иако Баварците ја славеа новата титула шампион на Германија, во центарот на вниманието беа Филип Лам и Чаби Алонсо, кој одлучија да ги закачат своите копачки на ѕидот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, она што им „падна на око“ на навивачите е поклонот кој лидерите на клубот му го подарија на Лам. Тие му поклонија сет за голф со негово име. Многумина сметаат дека овој поклон е бизарен, но открива навистина голем потек на лидерите од германскиот гигант.
„Лам е еден од најдобрите играчи на Баерн во последниве десет години. На теренот и надвор од него беше вистински капитен и пример за сите. Овој поклон треба да покаже дека спаѓа помеѓу вистинските легенди. Сакаме да му се заблагодариме на Лам за сето тоа што го даде за Баерн“, изјави Карл-Хајнц Румениге.