Дома Фудбал Останато ФОТО: Ова е хит на интернет – Во Рома знаат кој ќе ја освои наградата за најдобар играч на Африка

ФОТО: Ова е хит на интернет – Во Рома знаат кој ќе ја освои наградата за најдобар играч на Африка

Мухамед Салах ова лето одлучи по одличната сезона во Рома да ја промени средината и да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Египѓанецот своите одлични перформанси продолжи да ги пружа и во својот нов клуб, каде што за кратко време стана еден од најважните играчи. Исто така, Салах е најзаслужен што Египет се пласираше на Светското првенство по многу години и треба да се признае дека оправдано се наоѓаше на листата за најдобар играч на Африка.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денеска беше објавена листата за најдобар играч на Африка во 2017. година, каде што, покрај Салах, меѓу останатите се и Обамејанг, Мане, Мозес, Кеита Балде, Баи, Бекамбу… Сепак, иако оваа награда ќе се додели дури на 4. јануари следната година, изгледа дека во Рома веќе знаат кој е победник.

Имено, римскиот клуб денеска на својот официјален Твитер профил одлучи да му честита на Салах за освојување на наградата за најдобар играч на Африка, бидејќи веруваат дека нема сомнеж во тоа кој ќе ја освои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Енрике, Флик, Слот, Конте и Мареска ќе се натпреваруваат за наградата „Најдобар тренер“

Веќе се познати номинациите за наградата „Јохан Кројф“ за најдобар тренер за минатата сезо…