Македонскиот шампион Вардар со вчерашниот натпревар на домашен терен против Розенборг (1:1) го заврши натпреварувањето во Лигата на Европа.
Токму со овој натпревар македонскиот претставник обезбеди место во едни од најголемите англиски медиуми „Дејли Мејл“, „Бизнис Инсајдер“ и „Сан“ но не поради потег, гол или пак резултатот, туку поради кучето кое влезе на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кучето свое шоу направи во вториот дел кога втрча на теренот, голманот Гачевски се обиде да го отстрани од теренот. По краткиот прекин натпреварот продолжи.