Дома Фудбал ФОТО: Знаете ли кој поранешен фудбалер на Барса некогаш го носеше дресот на Леганес?

ФОТО: Знаете ли кој поранешен фудбалер на Барса некогаш го носеше дресот на Леганес?

Фудбалерите на Барселона вечерва на домашен терен играат против Леганес во натпревар од 31. коло на шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб сака и понатаму да остане непоразен во досегашниот дел од сезоната во домашното првенство, а сигурно дека Барселона вечерва е огромен фаворит на „Камп Ноу“. Шпанските медиуми пред вечерашниот натпревар одлучија да се вратат дваесет години назад. Имено, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Барселона, Самуел Ето на самиот почеток на својата кариера настапуваше токму во дресот на Леганес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ето дресот на овој шпански клуб го носеше во сезоната 1997/98., но не се докажа премногу. Камерунскиот напаѓач во дресот на овој клуб одигра 30 натпревари и постигна „скромни“ четири гола. Од другата страна, за Барса во периодот од 2004. до 2009. година на 145 натпревари постигна 108 гола. Овој 37-годишен напаѓач во моментов е член на турскиот Коњаспор во кој на почетокот на оваа година пристигна од Анталијаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teр Штеген заминува: Го избрал и новиот клуб?!

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона! Според каталонскиот н…