Белгија го совлада главниот фаворит за трофејот, селекцијата на Бразил со резултат 2:1 и така се пласираше во полуфиналето.
За играч на натпреварот беше прогласен играчот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн, стрелец на одличниот гол кој ја дуплираше предноста на Белгија. Сепак, мора да се напомене и одличната партија на Еден Азар. Тој 10 пати се обиде да ги издрибла противниците и секој пат успеа. Азар е тивок херој на Белгија, а овие податоци тоа го покажуваат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имаше 63 додири со топката, го освои секој воздушен дуел (4/4, со само 173цм висина), изнуди и седум прекршоци. Навистина одличен натпревар, иако не влијаеше директно на резултатот, постојано беше закана по Бразилците, не можеа да го запрат, и без соменеж е еден од најзаслужните за големиот пласман на Белгија во полуфиналето.
Белгија по кратката прослава ќе започне да се подготвува за големиот натпревар против Франција во полуфиналето, каде што двете екипи имаат огромен влог на масата и без соменение голема мотивација за победа.