Дечињата кои пред неколку месеци издржаа две недели во пештера во Тајланд и херојски беа спасени од нуркачка експедиција, денес го остварија својот сон.
Имено, од таборот на Манчестер Јунајтед уште тогаш објавија дека ќе им дозволат на дечињата и нивниот тренер да го посетат „Олд Трафорд“ и да присуствуваат на некој натпревар на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес тие пристигнаа во Манчестер и од ВИП ложата ќе го следат дуелот помеѓу „црвените ѓаволи“ и Евертон.
Пред натпреварот тие направија неколку селфи, а на нивните лице точно се забележува колкава е нивната радост.