Дома Фудбал Германија ФОТО: Дали видовте што му купил играчот на Лајпциг на својот агент?

ФОТО: Дали видовте што му купил играчот на Лајпциг на својот агент?

Напаѓачот на бундеслигашот Лајпциг, Емил Форсберг не штедеше кога го бираше подарокот за својот агент, Хасан Четинкај.

Пред да се приклучи на тимот од Германија, овој 25-годишен напаѓач играше во својата татковина, Шведска, а заслугите за тоа што денеска игра на највисокото ниво му се пропишуваат токму на неговиот агент.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Ме доведе од малиот Сундсвал овде каде што сум сега и секогаш веруваше во мене“, изјави Форсберг за својот агент, кој во знак на благодарност за сето она што го нарпавил за него, му купи скапо Ферари.

Четинкај овој поклон најпрво го одбил, но на крајот го прифатил.

„Немав избор. Ми се закани дека ќе ми даде отказ“, изјави тој преку смеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул ги планира засилувањата: Слот има две големи желби, но за една ќе се бори со Барселона

Иако се шпекулира со недели наназад дека Џереми Фримпонг е првата опција за Ливерпул, во и…