Арсенал денес и официјално за нов менаџер го назначи Микел Артета, кој на претставувањето истакна дека „топџиите“ мораат да се борат за трофеи.
Англиските медиуми веќе почнаа да пишуваат како ќе изгледа тимот предводен од Артета, а најголеми промени ќе претрпи одбраната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Артета побарал да бидат ангажирани двајца централни дефанзивци, а на листата на желби е Аке од Борнмут и Рубен Дијас од Бенфика.
Средниот ред треба да го засили ѕвездата на Лион, Аоар, кој блеска оваа сезона во францускиот клуб.
Што се однесува до нападот, Артета побарал да биде ангажирано едно десно крило, а прва желба е шпанскиот репрезентативец Микел Ојарзабал.
Еве како треба да изгледа новиот Арсенал: