Јужната трибина на „Сигнал Идуна Парк“ има капацитет од дури 25,000 места, а жолтиот ѕид е инспирација на Евертон кој наскоро планира да го реновира својот стадион.
Американскиот архитект, Дан Меис изјави дека навивачите на Евертон во иднина ќе добијат трибина која ќе биде слична на живиот ѕид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште не знаеме за конечниот капацитет на новиот стадион, но трибината каде што ќе бидат навивачите на Евертон ќе има помеѓу 12,000 и 15,000 места. Нема да биде голема трибина како во Дортмунд, но сигурно дека ќе му даде на стадионот некој посебен ‘шмек’“, изјави Меис.