Селекцијата на Аргентина утре игра против Хрватска и по киксот против Исланд екипата на Хорхе Сампаоли повеќе нема право на грешка.
Во многу лошо издание, Аргентина ремизираше против Исланд (1:1) со што ја разочараа јавноста во Аргентина и јасно е дека овој тим повеќе нема право на грешки. Избраниците на Сампаоли мораат да одат на победа против Хрватска, која е малку помирна по победата против Нигерија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинските медиуми објавија фотографии од вчерашниот тренинг на оваа селекција, а во центарот на вниманието беше Лионел Меси. Додека неговите соиграчи се насмеани и добро расположени, само Меси е загрижен и замислен, бидејќи очигледно знае дека неговиот тим се наоѓа во многу компицирана ситуација.
Притисиокот на Меси е огромен, а од Аргентина веќе му кажаа да не се враќа во оваа земја доколку оваа селекција се збогува од Мундијалот уште во групната фаза.