Дома Трансфер зона Флорентино Перез пресече: Наместо Нејмар пристигнува ново звучно име од Чизмата…

Флорентино Перез пресече: Наместо Нејмар пристигнува ново звучно име од Чизмата…

Реал Мадрид очигледно мора да донесе некое звучно засилување во офанзивата.

И покрај фантастичните опции, Флорентино Перез сака уште еден играч кој ќе може да направи разлика кога е најпотребно.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од првата мета крена раце, Азар и натаму е тивка надеж, но полека вниманието се пренасочува на фудбалерот на Рома, Един Џеко.

Шпанските медиуми тврдат дека скаутите на Реал го следеле на мечот во Гранада помеѓу Шпанија и БиХ за во живот да го проследат напаѓачот на „Римската волчица“.

Босанскиот репрезентативец од стартот на сезоната постигна два погодоци во Серија А, изминатата зима беше на прагот на преминување во Челси, но целата работа стана тивка и тоа влијаеше на неговата концетрација.

Што не значи дека квалитетот и натаму не е тука.

Карим Бензема и Маријано Дијаз не успеаа да го надополнат заминувањето на Кристијано Роналдо, односно неговите погодоци, а во Мадрид веруваат дека Џеко би можел да го направи токму тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер истиот ден одби 17 милиони евра за Чалханоглу, а потоа претстави големо засилување

Во Интер денеска беше многу активно. Клубот од Милано одби понуда за Чалханоглу, а истовре…