Дома Фудбал Флик и покрај победата во првото коло има забелешки, но посебно пофали еден фудбалер

Флик и покрај победата во првото коло има забелешки, но посебно пофали еден фудбалер

Барселона сезоната во Ла Лига ја започна со победа на гостински терен против Валенсија од 1:2.

Каталонците до триумфот стигнаа со пресврт откако прво имаа негатива од 1:0. Тренерот Ханси Флик за кого ова беше деби на клупата на Барселона истакна дека тимот иако победил има уште многу што да подобри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Важно е да започнете со победа. Во второто полувреме бевме многу подобри, додека во првото правевме одредени грешки. За нас беше важен голот пред крајот на полувреме. Ние се браниме како еден и напаѓаме како еден. Левандовски е голем играч кој многу помага и на соиграчите во одбраната, не се само двата гола кои ги постигна“, изјави Флик.

Во следниот натпревар Барселона ќе игра против Атлетик Билбао и овој дуел е на програмата в сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а сега на 26 години може да ја заврши кариерата

Според информациите на PUNCH Sports Extra, германските клубови Вердер Бремен и Баер Леверк…