Дома Фудбал Останато ФИФА поради коронавирусот воведува ново правило

ФИФА поради коронавирусот воведува ново правило

ФИФА во понеделникот предложи воведување на привремени мерки според кои на екипите би им биле дозволени пет замени место досегашните три.

Светската фудбалска организација смета дека идејата би им помогнала на екипите полесно да се справат со згуснатиот распоред.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Земјите ќе се обидат да ги завршат националните првенства во дадениот рок од ФИФА, а тоа значи дека после долго време неиграње и тренирање на поинаков начин играчите треба да се вратат и да играат три-четири натпревари неделно.

Овој предлог на ФИФА треба да го одобри ИФАБ телото кое носи одлуки за правила, а конечниот збор ќе го има организаторот на натпреварувањето.

„На секој тим би му било дозволено во натпреварот да има пет измени со можност да направи уште една измена ако се играат продолженија“, стои во соопштението од ФИФА.

ФИФА додава дека измените би требало да бидат извени во три интервали плус полувремето. Оваа мерка би почнала да се користи оваа сезона и би се продолжила во наредната, а се однесува на сите меѓународни натпревари кои ќе се играат до 31. декември следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…