Светската фудбалска организација, ФИФА го прифати барањето на Фудбалскиот сојуз на Турција преодниот рок да биде продолжен поради катастрофалниот земјотрес.
Вчера преодниот рок во Турција требаше да биде затворен, но истиот се продолжува и ќе трае до 18-ти февруари. Во понеделникот од Турција испратија барање до ФИФА за продолжување.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
ФИФА очекувано, го прифати барањата бидејќи во земјата е национална жалост и никој не мисли на фудбалот во овој период. Исто така во 10 провинции прогласена е вонредна состојба.