Дома Фудбал Останато ФИФА одлучи: Странските фудбалери во Русија и Украина можат да ги раскинат договорите

ФИФА одлучи: Странските фудбалери во Русија и Украина можат да ги раскинат договорите

ФИФА денес и официјално донесе одлука дека сите странски фудбалери во Русија и Украина имаат можност до 10 март еднострано да ги раскинат договорите со клубовите.

ФИФА на овој начин сака да ги заштити интересите на играчите од руските и украинските клубови кои ќе добијат едностран раскин на договорите доколку не постигнат договор со своите актуелни клубови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така фудбалерите можат веднаш да си најдат нови клубови, без да мораат да го чекаат летниот преоден рок.

Исто така, ФИФА постави неколку ограничувања – трансфери во други тимови ќе бидат можни до 7-ми април на полноќ, додека на тимовите ќе им биде дозволено да пријават најмногу двајца играчи кои добиле „одврзани раце“ поради војната.

Во Русија и Украина играат многу странски фудбалери за кои интерес покажуваат европските гиганти, а меѓу најзвучните имиња се: Малком, Давид Нерес, Тете, Кваратчелија, Додо, Педрињо, Бариос…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доживува семејната трагедија по смртта на неговио…