Македонија ја елиминира Италија во баражот за СП, но Италијанците се надеваа дека ќе може да влезат во Мундијал наместо Иран.
Иранската фудбалска федерација се најде во фокусот на ФИФА откако на последниот квалификациски натпревар против Либан не им беше дозволен влез на жените на стадионот.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Италија се надеваше дека ФИФА ќе го дисквалификува Иран, бидејќи Федерацијата претходно доби предупредување да прекине со половата дискриминација.
„Никогаш не сме разговарале да го исфрлиме Иран. Дури и да го направиме тоа, друга азиска репрезентација ќе оди на Светското првенство. Да се ослободиме од лудата идеја Италија да оди во Катар, тоа е невозможно. Тоа е утопија“, рече Евелин Кристилин, членка на Советот на ФИФА.