Дома Фудбал Останато ФИФА избра: Ова се финалистите за „тренер на годината“

ФИФА избра: Ова се финалистите за „тренер на годината“

ФИФА денес ги објави тројцата тренери кои влегоа во финалниот избор за најдобар во 2016 година.

На списокот се имиња кои со своите екипи, односно репрезентација, ги освоија најважните признанија во годината: менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери, тренерот на Реал, Зинедин Зидан и селекторот на Португалија, Фернандо Сантош.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Калудио Раниери го предводеше Лестер до големо изненадување и триумф во Премиерлигата пред гиганти како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Тотнем.

Слична е ситуацијата и на Фернандо Сантош, кој на Португалија и го донесе првиот триумф на големо натпреварување и покрај тоа што не беа помеѓу главните фаворити.

Зинедин Зидан пак го превзеде кормилото на Реал Мадрид на почетокот од годината, успеа да ги извади „кралевите“ од резултатска криза и да им донесе триумф во Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погба за три месеци ќе се врати во форма и ќе биде – страв и трепет за ривалите

Спортскиот директор, Тијаго Скудо, верува дека Пол Погба може да се врати во добра физичка…