Дома Фудбал Репрезентации ФИФА доби барање за предлогот кој го разгледува: Мундијал со 48 репрезентации?

ФИФА доби барање за предлогот кој го разгледува: Мундијал со 48 репрезентации?

sp

Промените се веројатно извесни, прашање е само кога се ќе биде официјализирано.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација испрати барање до ФИФА Светското првенство во 2022 кое ќе се одржи во Катар да биде проширено на 48 репрезентации (сега учествуваат 32).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во ФИФА веќе се разговораше за вакво нешто, но за Мундијалот во 2026. Сега претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, Алехандро Домингез побара од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино тоа да биде направено веќе во 2022.

Доколку ваквиот предлог се усвои бројот на натпревари би се зголемил од 64 на 80 и тоа би претставувало навистина голем логистички предизвик за Катар.

Организаторите на првиот Мундијал на Блискиот Исток би морале да направат 28 дневен тесен распоред кој мора да ги задоволи клубовите бидејќи поради топлото време во Катар преку лето ФИФА го помести Мундијалот од својот стандарден термин.

Мундијалот во Катар ќе биде одигран во периодот од новемри и декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…