Финскиот бизнисмен Томаш Зилијакус потврди дека е заинтересиран да го купи италијански Интер.
Зилијакус е прилично непознат за пошироката јавност, но претходно се појави и како кандидат за купување на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина сум сериозен, оваа или најдоцна следната недела актуелниот сопственик на Интер ќе добие понуда да го преземам клубот“, изјави Зилијакус.
Во изјавата тој објасни и дека благодарение на други инвеститори, мали и големи, семејства и „институционални инвеститори“ чии имиња не сакал да ги открие собрал 2.5 милијарди евра за купување на италијанскиот тим.
Според магазинот „Форбс“, Интер се проценува на 1.03 милијарди долари или 960 милиони евра.