Дома Македонски спорт Филипче најави забрана за сите спортски настани!

Филипче најави забрана за сите спортски настани!

Попладнево Комисијата за заразни болести разговараше на повеќе теми, а една од нив поради зголемиот број на заболени е и можното „замрзнување“ сите спортски настани.

Министерот за здравство Венко Филипче покрај останатите мерки најави дека се размислува и за воведување забрана за секакви настани, меѓу кои секако спаѓаат и спортските.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Утрово, на Комисијата за заразни болести разговаравме за дополнителен пакет рестриктивни мерки кои по евалуацијата на состојбата во следните денови, доколку има потреба, до Владата ќе го предложиме во понеделник:

– Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, до 50%;

– Целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот“, објави Филипче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…