Во вчерашното дерби од Лигата на шампионите екипата на Ливерпул стигна до победа против Пари Сен Жермен со резултат 3:2, победничкиот гол беше дело на Роберто Фирмино во последните моменти од натпреварот.
ПСЖ успеа да се врати од 2:0 и стигна до 2:2, но сепак на крајот „светците“ мораа да се помират со поразот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од главните виновници за последниот примен гол на ПСЖ е Килијан Мбапе кој ја изгуби топката, тоа подоцна на најдобар начин го искористи Фирмино.
Ваквата ситуација беше причина легендарниот стопер, Рио Фердинанд да испрати честики до тимот на Клоп, но и да ги искритикува првите ѕвезди на Пари Сен Жермен, Нејмар и Мбапе.
„Ливерпул играше онака како што се очекуваше и можам само им честитам. Кога е ПСЖ во прашање навистина сум разочаран и за нив важи спротивното, како тим од мене добиваат една голема нула. Играчите на ПСЖ во некои делови од натпреварот се однесуваа како да станува збор за ревијален натпревар, а на натпревар од Лигата на шампионите“.
„Во ниту еден момент од натпреварот напаѓачите не и помагаа на одбраната. Сега не знам какви инструкции добиле од Тухел, но според мене ској играч мора да помага во фазата на одбрана. Вчера ниту еднаш Мбапе и Нејмар не пружија помош на нивните соиграчи во одбраната“, критикуваше Рио од студиото на „Би-Ти Спорт“.