Дома Фудбал Англија Фердинанд: Роналдо ми кажа дека Бруно е фантастичен

Фердинанд: Роналдо ми кажа дека Бруно е фантастичен

После долгите преговори Манчестер Јунајтед конечно успеа да го доведе Бруно Фернандеш.

Фернандеш е тип на играч каков што недостасува во тимот на Солскјер, очигледно беше дека на „ѓаволите“ им е потребен некој кој ќе придонесе за поголема креативност. Во Спротинг Фернандеш покажа дека знае одлично да креира шанси, но и да постигнува голови.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд за квалитетите на Фернандеш разговарал со Кристиано Роналдо кој имал само пофални зборови за својот сонародник.

„Разговарав со Кристиано за Бруно. Ми кажа дека е фантастичен, тој креира за него шанси во Португалија. Доминантен е кога ја има топката во нозете и поседува голема самодоверба. Навистина е убаво кога ќе слушнете вакви работи за некој фудбалер кој доаѓа во Манчестер Јунајтед. Навивачи, со оглед на она што го слушнав и видов верувам дека клубот заврши одлична работа“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…