Дома Фудбал Останато Фердинанд: Мбапе ќе седне на тронот на Меси и Роналдо

Фердинанд: Мбапе ќе седне на тронот на Меси и Роналдо

Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Рио Фердинанд е сигурен дека Килијан Мбапе во моментов е најдобриот фудбалер во светот.

22-годишниот Французин синоќа постигна хет-трик против Барселона на „Камп Ноу“, а Фердинанд смета дека Мбапе ќе им го земе тронот на Меси и Роналдо.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Луѓето забораваат дека тој има само 22 години. Тој веќе е неверојатен играч имајќи во предвид дека е светски шампион и се што прави во Лигата на шампиони. Во моментов Мбапе е сам на врвот и сите останати се зад него. Тоа момче може да седне на тронот на Меси и Роналдо“, сигурен е Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кимих им контрира на сите: Уживам кога има многу натпревари

Бројни фудбалери протестираат против преполниот распоред на натпревари. Многу светски ѕвез…