Феникс Санс му укажа голема чест на српскиот тренер.
Кошаркарите на Феникс се убедливо последни оваа сезона, а пристигнувањето на српскиот тренер Игор Кокошков предизвика огромна еуфорија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клубот од Аризона следата година ќе биде предводен од српскиот стручњак и поради тоа клубот од НБА одлучи на интересен начин да му посака добродојде.
Имено, на својот Твитер профил освен пораките и честитките тие го променија името, па сега место Феникс Санс, се викаат Феникс Шанс.
Welcome back, Coach! pic.twitter.com/KK28r3XoD1
— Phoenix Šuns (@Suns) May 2, 2018
Mood. pic.twitter.com/Cdod2eeTi0
— Phoenix Šuns (@Suns) May 2, 2018
Оваа промена секако е привремена, а инспирирана е од буквата Ш која Игор ја има во своето презиме.
да се истакне и дека Кокошков е првиот тренер од Европа кој ќе води еден клуб од НБА.