Репрезентативецот на Македонија Валон Етеми кого турските медиуми претходно го поврзуваа со Трабзонспор, сега наводно е на мета на Фенербахче.
Според информациите од Турција, Фенербахче е сериозно заинтересиран за доведување на Етеми, но се додава дека тој не им е приоритетно засилување. Прва мета за Фенер е Диего Роси, но Етеми би бил многу поевтина опција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изминатата сезона, Етеми во дресот на Истанбулспор постигна 12 гола и додаде четири асистенции, за него ова беше дебитантска сезона во турската елита.
Истанбулспор не сака да се откаже од неговите услуги, па бара сума од два милиони евра колку што е проценет на „Трансфермаркт“. Во последната сезона дел од Фенербахче беше Езгјан Алиоски кој се врати во Ал Ахли по истекот на позајмицата.