Баерн Минхен многу брзо ќе добие големо засилување, откако Фелипе Кутињо денеска пристигна во Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилскиот офанзивец доаѓа во Минхен на позајмица од Барселона, а Германците ќе имаат можност да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.
Се појави и првата фотографија од Кутињо во Минхен, па се очекува денеска или утре Баерн и официјално да го потврди неговото доаѓање.
Кутињо ова лето се поврзуваше со ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, но на крајот се одлучи за Баерн Минхен.