Дома Фудбал Италија Федерико Бернардески – човекот кој му ја „украде“ планираната улога на Паоло Дибала!

Федерико Бернардески – човекот кој му ја „украде“ планираната улога на Паоло Дибала!

Никој не се надеваше на ваков исход, но таков е фудбалот.

Федерико Бернардески го игра најдобриот фудбал од кога е во Јувентус!

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Се се поклопи со пристигнувањето на Кристиано Роналдо, кој би требало да биде отежнувачка околност за фудбалерот кој минатото лето беше платен 40 милиони евра.

За четири натпревари колку што одигра оваа сезона, Бернардески постигна два гола и запиша една асистенција и прилично јасно станува дека тој профитираше најмногу од присуството на Роналдо на теренот.

Италијанецот одлично се дополнува со соиграчите кој прорабори покрај него и Макс Алегри сега е на „слатки маки“ што ќе прави со Паоло Дибала.

„Дијамантот“ како да станува „жртва“ на сопствените квалитети – во Аргентина не успеа да се наметне покрај Лео Меси, додека Португалецот е главна ѕвезда на „бјанконерите“.

Се очекуваше токму Дибала да биде тој кој ќе му помогне на Роналдо и да создадат страшен тандем, но Бернардески како во целост да ја превзема улогата која требаше да има Дибала.

Сепак, ова е старт на сезоната и време секако дека има, па ќе видиме како ситуацијата со Дибала ќе се одвива во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо …