Дома Останати Тенис Федерер: Мојата популарност се зголеми поради Ѓоковиќ и Надал

Федерер: Мојата популарност се зголеми поради Ѓоковиќ и Надал

Роџер Федерер смета дека популарноста му пораснала во периодот на доминација на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Швајцарецот пред неколку недели се врати на првото место на АТП листата, во последните 13 месеци освои три од четири Гренд слема на кои учествуваше.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Кога не ги освојував турнирите луѓето ме гледаа како обичен човек кој само се мачи. Мислам дека токму поради доминацијата на Надал и Ѓоковиќ, мојата популарност порасна кога се вратив на врвот“, изјави Федерер.

Федерер потоа прокоментира и за тоа како според него би изгледал тенисот кога големата четворка ќе се повлече.

„Тешко е да се очекува сега еден играч да освои десет Гренд слемови. Сметам дека поглем број на тенисери ќе освојат по еден или два. Но, тоа не ми се предвидуваше и мене. Кога ќе влезеш во серија каква што имавме јас и Ѓоковиќ, престануваш да мислиш, а потоа кога после неколку години ќе погледнеш зад себе гледаш дека си освоил десет Гренд слема. Тоа е лудо“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер преку Ѓоковиќ до финале на Ролан Гарос!

Синер победи со 3:0, по сетови 6:4, 7:5 и 7:6 (7:3) по три часа и 17 минути игра, а во нед…