Роџер Феререр без поголеми проблеми го совлада младиот Норвежанец Каспер Руд во три сета (6:3, 6:1, 7:6) и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.
Првите два сета Швајцарецот ги доби без поголеми проблеми, а единствено во последниот сет младиот Норвежанец пружи силен отпор одведувајќи го сетот во тај-брејк, кој Федерер го доби со 10-8.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова беше 400. победа на Федерер на Грен слем турнирите и втор најстар тенисер кој стигнал до осминафинале на Грен слем.
Противникот на Федерер во следната рунда ќе биде подобриот од Французинот Никола Махут и Аргентинецот Леонардо Маер.