
Тимот на Вардар ова коло однесе убедлива победа во рамките од осминафиналето против ППД Загреб.
Вардар славеше со 18:27 на гостински терен и поради овој убедлив триумф сега се наоѓа пред пласман во четвртфиналето. Оваа убедлива победа беше остварена поради одличната тимска игра, но некои ракометари повеќе се истакнаа.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Еден од нив е и Дејан Милосављев кој беше избран за играч на натпреварот. Сега Милосављев доби и уште едно признание – се најде во тимот на колото од Лигата на шампионите.
Голманот на Вардар имаше фантастичен настап и 14 одбранети удари со дури 45% што е навистина фантастична бројка.
Освен Милосављев во тимот на колото се најдоа: Гјудур Валур Сигурдсон (Рајн-Некар), Рамзус Лауге (Фленсбур), Лука Циндриќ (Кјелце), Алекс Душебаев (Кјелце), Артем Козакевич (Мотор з) и Јаник Колбахер (Рајн-Некар).